Макрон по разговорите со македонските и бугарските власти: Скопје и Софија да го продолжат дијалогот

1 min read

Елисејската палата објави кратко соопштение по телефонските разговори на претседателот Емануел Макрон, кој денеска последователно разговараше со претседателот на Бугарија, Румен Радев, со премиерот Кирил Петков и со македонскиот премиер Димитар Ковачевски, јави дописникот на МИА.

Целта на овие три разговори, додека Франција претседава со Советот на Европската Унија, беше да се поттикнат овие две земји брзо да продолжат со дијалогот за спорот меѓу нив, се додава во соопштението.

-Претседателот на Француската републиката потсети на неговата приврзаност кон европската перспектива на Западен Балкан, особено во контекст на дестабилизација низ која поминува европскиот континент, пишува во краткото соопштение.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Констракта по успехот на Евровизија: Сега е време да се заврши приказната

Следно

Кремљ: Преговорите со Украина не напредуваат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian