Денеска во првиот пријателски натпревар најдобрата македонска одбојкарска репрезентација триумфираше над Албанија со 3:1.
Првиот сет успеаја противниците да го добијат со резултат 25:19, но потоа следуваше пресвртот на избраниците на новиот селектор Ратко Павличевиќ.
Израмнивме во вториот сет кој го добивме со 25:18, па стекнавме водство од 2:1 откако во третиот сет во кој беше најубедливи бевме подобри со 25:17.
Мечот го завршивме во наша корист во четвртиот сет кој успеаја „црвено-жолтите“ да го освојат со 25:20.
Вториот контролен меч против Албанија исто така ќе го играме во Маврово на 19 мај.