ЛШ: Манасков и Веспрем се првите учесници на Ф4 турнирот во Келн

1 min read

Денеска во реванш натпреварот од четвртфиналето во ЕХФ Лигата на шампионите составот на Веспрем загуби во Данска од Алборг со 37:35.

Но, благодарение на победата од првиот меч од седум голови разлика (36:29), Унгарците се пласираа на Фајнал-фор турнирот кој ќе се одржи во Келн на 18 и 19 јуни 2022 год.

Во текот на мечот гостите воглавно беа во предност, а во последните 15 минути од мечот Данците го свртеа резултатот во своја корист, нивната најголема позитива неколку пати достигнуваше „плус три“.

Ви победничките редови доминираше Бјорнсен со девет голови, исто толку постигна и Јул-Ласен, седум беа дело на Кристенсен.

На спротивната страна по шест погодоци реализираа Лауге Шмид и Мае, а пет имаше Маргуч. Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков не се запиша во листата на стрелците.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Обид за самоубиство во Аеродром: Девојка со тешки повреди згрижена на Карил

Следно

Дизајнерот на фамозниот фустан на Мерилин: Ким Кардашијан немаше право да го носи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian