Кобно место: На истата локација каде е пронајдено денеска телото во Белград, пред 8 години починале тројца млади

1 min read

Утринава е пронајдено тело на млад маж во Дунав, за кое се претпоставува дека станува збор за исчезнатиот Матеј Периш, а токму на истото место, во 2014 година се случила сообраќајна несреќа во која загинале тројца млади луѓе. Тогаш животот го загубија 20-годишниот Милош Јанковиќ, 18-годишниот Немања Антиќ и 16-годишната Анастасија Стајиќ, пишува „Телеграф“.

На 21 ноември 2014 година, младите тргнале од забава во Првата белградска гимназија кон кафулињата на шеталиштетото Ада Хуја. Возачот на автомобилот, деветнасетгодишниот Душан Јовановиќ возел без дозвола, во алкохолизирана состојба и со брзина од 110 километри на час. Тоа е причината поради која слетал право во Дунав од шеталиштето Ада Хуја. Јовановиќ поминал без повреди, а на совозачот Лука Вишњиќ му била скршена десната рака.

На истото место, утрово околу 9.30 часот е пронајдено тело на млад маж. Телото го пронашле морнари, а гардеробата со која е пронајдено телото одговара на онаа којашто ја носел сплиќанецот Матеј Периш во ноќта кога исчезна, меѓу 30 и 31 декември минатата година. Телото е извлечено од реката, на терен се форензичарите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Град Скопје остана без принтери?

Следно

Младеновска: Ракометот е тимски спорт, индивидуалните награди се мотивација за во иднина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian