Кампања на ДЗС за превенција на шумски пожари

1 min read

Дирекцијата за заштита и спасување преку своите подрачни одделенија за заштита и спасување во Кичево, Македонски Брод, Крушево, Свети Николе, Кратово и Пробиштип ја заврши успешно организираната кампања за подигнување на свеста за намалување на заканите од шумски пожари под мотото „Да се научиме како да ги заштитиме шумите од пожари“ во склоп на Месецот на превенција од пожари.

Кампањата, како што извести ДЗС, се спроведе со презентации помеѓу граѓаните и распределување на промотивни материјали за подготвеноста, заштитата и спасувањето од пожари.

Кампања на ДЗС за заштита од шумски пожари/Фото: ДЗС

Главен таргет на оваа кампања се граѓаните од општините на Република Северна Македонија, кои важат за високо ризичен регион од опасност со пожари на отворено.

Кампања на ДЗС за заштита од шумски пожари/Фото: ДЗС

Освен вработените на ДЗС во активностите учествуваа вработени на ТППЕ, како и претставници од ЕЛС на општините.

Само еден „ер трактор“ ќе гасне пожари низ Македонија

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Отворени нови лаборатории под брендот Жан Митрев Лабс

Следно

Град Скопје остана без принтери?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian