Град Скопје реши над 2000 барања од граѓаните

2 mins read

На електронската адреса за комуникација со граѓаните [email protected] досега се пристигнати 2.300 барања, од кои решени се дури 2.001. Најголемиот број граѓани на овој мејл пријавиле проблеми од областа на уредувањето на просторот – 540, односно побарале да се постават заштитни столпчиња за да се заштитат јавните површини и тротоарите од непрописно паркирани возила и за да се овозможи безбедно движење на пешаците, да се санираат ударните дупки, да се обноват велосипедските патеки или да се поправи уличното осветлување. 

Пријави на диви депонии и загадувачи на воздухот, како и барања на терен да излезат градските инспектори имало 376. Граѓаните пријавувале проблеми и од областа на комуналните работи, односно побарале сечење стари и суви дрвја, кастрење гранки, уредување зелени површини и контејнери за собирање смет, а пријавиле и проблеми со улични кучиња – 556 пријави.

На оваа електронска адреса пристигнаа и 288 пријави за оштетена сообраќајна сигнализација, барања за поставување платоа за смирување на сообраќајот, проблеми со автобуските линии и возниот ред на автобусите од јавниот превоз, како и барања за измени во некои сообраќајни решенија.  

Граѓаните пријавиле и проблеми поврзани со данокот на имот, данокот на промет и наплатата на комуналните такси – 373 пријави. Дел од барањата се однесуваат и на субвенциите што ги доделува Градот Скопје, за набавка на инвертер клима уреди, електрични тротинети и велосипеди – 167 барања.
  
На електронската адреса [email protected] граѓаните можат да пријавуваат проблеми и предизвици од надлежност на Град Скопје, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок до 72 часа.

Целта на овој проект е ефикасно и ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните, која ќе придонесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани. Со ваквиот начин на комуникација Градот Скопје станува поблизок до скопјани и има за цел преку непосреден однос со граѓаните да ги реши секојдневните предизвици со кои тие се соочени.

skopjeinfo.mk

Претходно

Пет случаи на мајмунски сипаници во Португалија

Следно

Дојава за бомба во Авенија мол во Загреб

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian