Генчовска му одговори на Османи: Не играме тенис или фудбал, па топката да биде кај нас или кај вас

1 min read

„Ставот на Бугарија за почеток на преговорите меѓу Македонија и ЕУ е јасен и не може да се менува на претстојниот Совет за општи работи. Односите меѓу нашите две земји не можат да се сведуваат на фудбалски натпревар и да разговараме во чие поле е топката“.

Ова за БГНЕС го изјави бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска, по повод пораките од шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, дека „топката е кај Бугарија“.

„Министерот за надворешни работи на РС Македонија Бујар Османи често се појавува во медиумите и постојано зборува. Ова не е тениски или фудбалски натпревар за да зборуваме во кој тим е или на кој терен е топката. Нашиот став е исклучително јасен, имаме национален консензус за оваа тема. Не знам на кој појасен начин да му објаснам на господинот Османи“, рече министерката Генчовска.

На прашањето на БГНЕС дали очекува промена на ставот на Бугарија за укинување на ветото за почеток на преговорите меѓу РС Македонија и претстојниот Совет за општи работи, Генчовска рече: „ Не. Нашиот став во Советот за општи работи нема шанси да се смени, бидејќи таква тема нема“.

Таа категорично ги отфрли обвинувањата од македонскиот премиер Димитар Ковачевски дека Бугарија ги држи Македонија и Албанија како заложници.

„Тие не го исполнуваат договорот. Веќе изгубивме пет месеци во разговори и интервјуа. Чекаме да почне реализацијата на договорот“, вели Генчовска.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дизајнерот на фамозниот фустан на Мерилин: Ким Кардашијан немаше право да го носи

Следно

Чавушоглу: Легитимна е загриженоста на Турција за приемот на Финска и Шведска во НАТО

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian