Гаске направи нешто „невозможно“: Рекорд кој е нереален дури и за Ѓоковиќ и Надал

1 min read

Французинот Ришар Гаске на еден интересен начин успеа да испише историја во делот на тенисот.

Тој на стартот на турнирот во Женева го совлада Данил Медведев по два сета и на тој начин направи мини-изненадување.

Гаске, откако го освои вториот играч во светот, заокружи еден голем подвиг.

Успеа да слави против сите играчи, кои во тој момент се наоѓале на позициите во првите 100.

Така, може да се пофали дека триумфирал во мечеви против секоја „позиција“ на АТП листата, од прва до 100-та.

Гаске за пласман во полуфиналето на турнирот во Женева ќе ги одмери силите против Камил Мајхшак од Полска.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дендиас: Американскиот систем сфати дека Грција е лојален партнер

Следно

Работник во болница тврди: Ријана се породи, бебето е машко

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian