ГАЛЕРИЈА | Модата на 75. Кански филмски фестивал: Гламур на највисоко ниво

2 mins read

75. Кански филмски фестивал започна вчера, нa 17 мај и ќе трае до 28 мај. Овие неколку денови не очекува ревија на одлични филмови, возбудлива церемонија на награди и моден спектакл.

Синоќа фестивалот свечено беше отворен со премиера на филмот „Final Cut“, а на црвениот тепих продефилираа многу познати убавици од светот на кинематографијата и модата.

ГАЛЕРИЈА | 75-то издание на Канскиот филмски фестивал: Зеленски се обрати на публиката, Форест Витакер ја доби Златната палма

Во современата историја на Кан, од година во година сме сведоци на бројни модни трендови – од голи фустани кои ги воведе (и врати) Бела Хадид и кои некои подоцна неуспешно ги копираат, луксузни тоалети – поголеми од црвениот тепих и шик фустани.

Не е тајна дека на оваа манифестација отсекогаш владеела врвна елеганција, па овојпат сме сведоци на женственоста и гламур на највисоко ниво.

Модните критичари се воодушевени од храброто, но впечатливо издание на актерката Ребека Хол, која блесна во креацијата во контрастна црвена и розова боја, Ева Лонгорија се појави во црна тоалета која совршено ја истакнува нејзината фигура, но и од нежното издание на нејзината француска колешка Амандин Петит.

Погледнете ги највпечатливите ја од Канскиот фестивал:

 

ребека хол
Ребека Хол во креација на „Гучи“ / Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN
Deepika Padukone
Дипика Падукон во креација на Сабиасачи Мукерје / Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN
Џулиен Мур
Џулиен Мур во креација на Bottega Veneta / Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO
лори харви
Лори Харви во креација на Александар Вотие / Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO
Amandine Petit
Амадин Петит во креација на Dessange Paris / Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO
Lashana Lynch
Лашана Линч во креација на „Фенди“ / Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO
ева лонгорија
Ева Лонгорија во креација на Алберта Ферети / Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

 

Agathe Rousselle
Агата Русел / Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO
Caroline Daur
Каролин Даур / Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN
Кетрин Лангфорд / Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO
Alice Abdel Aziz
Alice Abdel Aziz / Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO
Emilia Schuele
Emilia Schuele / Фото: EPA-EFE/Andreas Rentz /
фредерик бел
Фредерик Бел / Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Младеновска: Ракометот е тимски спорт, индивидуалните награди се мотивација за во иднина

Следно

Претседателот Пендаровски упати писмо со поддршка до украинскиот претседател Зеленски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian