ФОТО | Мајка мета на критики: Го покривам моето бебе со тетоважи, дали поради тоа сум лоша мајка?

3 mins read

Мајка опседната со тетоважи го покрива телото на својот син со тетоважи. Само неговите се привремени. Луѓето ја обвинуваат дека одгледува криминалец и го „подготвува“ за затвор, пренесува „The Sun“.

Шамекиа Морис од Вест Палм Бич, Флорида, САД, првпат почнала да му става привремени тетоважи на нејзиниот син Трејлин кога тој имал само шест месеци. Но, луѓето ја обвинуваат дека одгледува „гангстер“ и „насилник“.

Гордата мајка често споделува фотографии од своето дете на социјалните мрежи, под името „NuggetWorld561“, на кои се гледа дека има тетоважи по целото тело.

„Добивам многу негативни реакции, луѓето велат дека син ми ќе стане „гангстер“ или „насилник“. Мислам дека не се навикнати да гледаат бебе со тетоважи“, вели таа.

„Кога бев во осмиот месец од бременоста, со моите браќа фотографирав во студиото за тетоважи“, додава таа. „Луѓето на социјалните мрежи ме малтретираа поради тоа. Сите коментари беа негативни, луѓето велеа дека моето бебе ќе се роди со еден куп тетоважи. Дека отровот од тетоважата ќе му влијае лошо. Беше лудо“, изјави таа за британски „The Sun“.

По раѓањето на неговиот син Треј, честопати е мета на „тролови“ кои пишуваат коментари како: „Ќе го убијат на улица“ или дека го воспитува и подготвува за затвор.

„Реакциите на луѓето се ужасни и тоа ми е ужасно затоа што знам дека не сум лоша мајка и ме нарекуваат со секакви грди имиња. Тоа е лудо“, вели Шамекиа.

 

Сепак, таа вели дека „не ѝ е грижа“ бидејќи тоа е „начин на живот“ во кој ужива.

„Ако судите некого врз основа на видео од 30 секунди на социјалните мрежи, тоа е ваша работа, но она што ќе го кажете или мислите за некого нема да одреди што ќе биде тој во иднина“, додава Морис.

Шамекиа која има повеќе од 319.000 следбеници на социјалната мрежа „ТикТок“ инсистира дека Трејлин „сака“ привремено мастило. Има и свој гардеробер кој е исполнет со комбинации на облека за мали деца, како и преку 150 пара патики.

„Добра мајка е онаа која е тука за своите деца, која е нивен обожавател и личност кај која доаѓаат со своите проблеми“, заклучува таа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО: Димоски од Академија Пандев ќе добие повик во А репрезентацијата на Македонија

Следно

Димитриевски во Брисел прогласен за градоначалник-најголем пријател на Ромите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian