ФОТО | Холивудскиот заводник сам на плажа: Ја остави сопругата поради 16 години помлада љубовница, а потоа ја остави и неа

2 mins read

Актерот Сајмон Бејкер беше уловен од папараците на плажите во Австралија

Австралискиот актер Сајмон Бејкер (52) најпознат по улогата во серијата „Менталист“ беше сликан на плажа во својата родна земја.

Еден од најпознатите австралиски актери го помина денот уживајќи сам на плажата.

Иако има 52 години актерот се уште ја одржува добрата форма.

Фото: Профимедиа

Сајмон Бејкер во јануари 2021 година беше во центарот на медиумското внимание откако му стави крај на 22-годишниот брак со колешката Ребека Риг (54) со која има три деца, ќерката Стела и синовите Клауд и Хари.

Фото: Профимедиа

„Остануваме блиски пријатели и нашите три деца остануваат наш најважен фокус“, изјави тој тогаш за магазинот „People“, но според „Fox News“, всушност тие се разделиле девет месеци претходно, во 2020 година.

Актерот за „People“ во 2018 година изјави дека тој и Ребека никогаш не ја славеле годишнината од бракот.

Сајмон и Ребека се запознале на почетокот на 90-тите години, а се венчале во 1998 година по пет години заеднички живот.

Само еден месец по разводот актерот беше виден во друштво на мистериозна бринета како разменуваат нежности. Неколку месеци подоцна беше јасно дека тоа е модната дизајнерка Лаура Меј Гибс (36) кога актерот ја потврди врската.

Меѓутоа, таа романса не потраа поради малку бизарна причина.

Во медиумите кружеа гласини дека актерот ја оставил бидејќи таа учествувала во протестите против вакцинацијата за коронавирусот, но дизајнерката ги демантираше тие тврдења.

Вистинската причина за раскинувањето не е објавена во јавноста, а парот последен пар беше сликан заедно во август 2021 година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Македонските одбојкари триумфираа во првиот контролен меч со Албанија

Следно

Зеленски ја продолжи вонредната состојба и мобилизацијата во Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian