ФОТО: Димоски од Академија Пандев ќе добие повик во А репрезентацијата на Македонија

1 min read

Во следниот период се очекува селекторот на македонската сениорска репрезентација да го објави списокот на играчи на кои ќе смета за претстојните натпревари од новото издание во Лигата на нации.

Благоја Милевски во својот список на повикани ќе го има Бојан Димоски, така пренесува неговиот клуб ФК Академија Пандев.

Иако поради повреда го пропушти првиот дел од првенството, во пролетниот дел запиша 14 настапи, во кои постигна два гола и седум асистенции.

– Бојан Димоски доби повик за сениорската репрезентација на Македонија. По одличните настапи оваа полусезона, 20-годишниот лев бек на Академија Пандев денеска го доби својот прв повик за сениорскиот национален состав – информираа од Академија Пандев.

Во јуни нашите најдобри фудбалери ќе одиграат четири натпревари од Лигата „Ц“, првиот меч е на 2 јуни во Разград против Бугарија.

Македонија преку Лигата на нации може до бараж за ЕП 2024

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Чавушоглу: Легитимна е загриженоста на Турција за приемот на Финска и Шведска во НАТО

Следно

ФОТО | Мајка мета на критики: Го покривам моето бебе со тетоважи, дали поради тоа сум лоша мајка?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian