Двократен европски шампион во „најскапиот натпревар на светот“ за влез во Премиер лигата

1 min read

Фудбалерите на Нотингем Форест, двократниот европски првак од 1979 и 1980 година, по 23 години ќе имаат можност да се вратат во елитата на англискиот фудбал.

Нотингем Форест и Хадерсфилд таун ќе играат на 29 мај на стадионот „Вембли“ во Лондон во финалето на плеј-офот за Чемпионшип за последното место кое води во Премиер лигата.

Директен пласман во елитното друштво изборија Фулам и Борнмаут, а последниот учесник ќе го решава финалето на плеј-офот на Чемпионшип кој ја носи титулата „најскап натпревар во светот“.

Имено, тимот што ќе влезе во премиерската титула преку финалето на плејофот, сметајќи ги ТВ и комерцијалните права, и заработката од натпревари, следната сезона ќе заработи неверојатни 200 милиони евра, а доколку остане во лигата ќе добие уште 100.

Нотингем Форест стигна до финалето откако го совлада Шефилд Јунајтед со 3-2 по подоброто изведување пенали. Форест победи со 2:1 на првото гостување, а Шефилд Јунајтед одговори со идентична победа, па пеналите го решија победникот.

Хадерсфилд Таун беше подобар од Лутон Таун во два полуфинални натпревари. Откако првиот меч заврши 1-1, Хадерсфилд Таун на домашен терен во понеделникот во реваншот славеше со 1-0 и се пласираше во финалето.

Финалето ќе се игра на 29 мај на стадионот „Вембли“ со почеток во 17.30 часот и многумина би сакале да го видат Нотингем Форест повторно во елитното место на англискиот фудбал за првпат од 1999 година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Партијата на Јанша го забави процесот на формирање нова влада на Словенија

Следно

Шарл Мишел предлага формирање Европска геополитичка заедница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian