Дендиас: Американскиот систем сфати дека Грција е лојален партнер

2 mins read

Руската инвазија врз Украина и што може Грција да направи за да ѝ помогне на Украина, како и турските провокации во Источниот Медитеран, според шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, биле темите за кои разговарал на средбата со државниот секретар на САД Ентони Блинкен, јави дописничката на МИА од Атина.

Во изјава за грчките новинари во Вашингтон, одговарајќи на прашањето дали САД ги разбира проблемите што Турција ги создава во Грција, Дендиас истакна дека за време на посетата на Мицотакис на САД, за време на средбата со американскиот претседател Џо Бајден, но и за време на говорот во Конгресот, „една работа стана очигледна“.

„Севкупно, не само американската Влада, не само американската администрација, не само претседателот, туку американскиот систем во целина сфати дека Грција е лојален сојузник, кој е приклучен на системот на вредности: системот на демократии, системот на земји кои веруваат дека светот треба да се регулира со закони и правила. А од друга страна, Турција е ексцентричен партнер, кој не се колеба да ги прекрши правилата и често работи со силен ревизионизам. Мислам дека ова сега е јасно“, рече Дендиас.

Шефот на грчката дипломатија додаде дека на средбата со Блинкен, му објаснил „со што се соочува Грција во Источниот Медитеран, токму во момент кога НАТО треба да биде обединето, како функционираат турските провокации, прелетите над грчката територија и грчките острови”.

Дендиас е дел од грчката владина делегација во САД предводена од премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, а освен со Блинкен, се сретна и со специјалниот претставник на американскиот претседател задолжен за климатските промени Џон Кери.

„Имавме многу долга и интересна дискусија за прашањата за заштита на животната средина, на морињата, океаните, Медитеранот, на Егејското Море. Мислам дека таму работиме на начин што ќе ни овозможи многу брзо да соопштиме нови иницијативи“, нагласи Дендиас.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Хјундаи“ ќе инвестира 16,5 милијарди долари во производството на електрични возила

Следно

Гаске направи нешто „невозможно“: Рекорд кој е нереален дури и за Ѓоковиќ и Надал

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Каков дебакл – во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, демантот стигна од Бугарија, Македонија прифатила дека Самоил е бугарски цар, а Климент и Наум твореле во бугарска држава

Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа, во истиот ден

MacedonianEnglishAlbanian