Црногорскиот претседател Ѓукановиќ во официјална посета на Косово

1 min read

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ ќе денеска ќе биде во прва официјална посета на Косово, на покана на неговата косовска колешка, Вјоса Османи, јави дописникот на МИА од Приштина.

Ѓукановиќ во Приштина ќе се сретне и со претседателот на Собранието, Глаук Коњуфца и со премиерот Албин Курти.

Црногорскиот претседател уште пред два месеци најави дека планира да ја посети соседната држава.

Тој во интервју порача дека „преку јакнењето на меѓусебното разбирање ќе расте и квалитетот на соработката меѓу земјите од регионот, што ќе влијае и на зголемувањето на квалитетот на регионалната соработка и стабилност и на европската перспектива на регионот”. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Почина Сашо Пижевски – Пиже од култните „Хавана Бенд“

Следно

ВИДЕО: Мајами предводен од Батлер победнички го започна финалето во Источната конференција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian