Чавушоглу: Легитимна е загриженоста на Турција за приемот на Финска и Шведска во НАТО

1 min read

Турција има легитимни безбедносни грижи поради поддршката на Шведска и Финска за „терористичките организации, изјави денеска шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, повторувајќи го ставот на Анкара дека се противи на пристапувањето на двете нордиски земји во НАТО.

Во кусите забелешки пред средбата со американскиот колега Ентони Блинкен во Њујорк, Чавушоглу повтори дека Анкара ги разбира безбедносните грижи на Шведска и Финска, но,исто така, нагласи дека треба да се реши и загриженоста на Турција, пренесуваат британските медиуми.

kurir.mk

Претходно

Генчовска му одговори на Османи: Не играме тенис или фудбал, па топката да биде кај нас или кај вас

Следно

ФОТО: Димоски од Академија Пандев ќе добие повик во А репрезентацијата на Македонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian