Баражот Тиквеш – Воска ќе се игра на стадионот „Младост“ во Струмица

1 min read

Бараж натпреварот за Прва МФЛ меѓу екипите на Тиквеш и Воска ќе се одигра на 22 мај во 17:00 часот на стадионот „Младост“ во Струмица.

На заеднички состанок на Комисијата за безбедност и Комисијата за натпреварување во рамки на ФФМ во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР) беше донесена одлуката за одредување на стадионот за одигрување на натпреварот.

ФФМ преку Комисијата за безбедност испрати допис до МВР со барање информации во делот на преземање на безбедносни мерки за се одигра во најдобар ред бараж мечот Тиквеш – Воска и Комисијата за натпреварување ќе постапи согласно добиените информации.

– Како Фудбалска федерација на Македонија упатуваме благодарност до Министерството за внатрешни работи за конструктивната соработка како што била и досега.

Веруваме дека со применување на прописите и почитувањето на превентивните мерки од надлежните институции и тела се гарантира вистински фудбалски спектакл.

Фудбалската федерација на Македонија ќе направи сѐ што е во надлежност на федерацијата, двата бараж натпревари да се одиграат во спортска, фер и коректна атмосфера.

Нѐ радува тоа што интересот на публиката за овие натпревари е огромен. Тоа потврдува дека сме на вистинскиот пат. Фудбалот победува – информираат од ФФМ.

ГФК Тиквеш не сака да го игра баражот со Воска Спорт во Скопје

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Српски медиуми: Пронајдено телото на Матеј Периш?

Следно

Отворени нови лаборатории под брендот Жан Митрев Лабс

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Каков дебакл – во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, демантот стигна од Бугарија, Македонија прифатила дека Самоил е бугарски цар, а Климент и Наум твореле во бугарска држава

Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа, во истиот ден

MacedonianEnglishAlbanian