Џамбаски за Љубчо Георгиевски: И двајцата сакаме да нема граница од Охрид до Црното Море

1 min read

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски смета дека поранешниот македонски премиер и ко-основач на новиот Клуб за пријателство меѓу Македонија и Бугарија, Љубчо Георгиевски, „е впрегнат да трча напред-назад за да го објасни новиот наратив“.

Џамбаски завчера во Софија прекина трибина на која требаше да учествува Георгиевски, откако се појави со неколкумина поддржувачи. Тој рече дека нема да дозволи одржување на „македонистички настани“ во Софија.

– „Процесот“ требаше да започне со заедничката декларација потпишана во 1999 година меѓу Бугарија и Македонија. Над 20 години сме сведоци на фалсификати, манипулации, дискриминации, физичко самоосакатување на Бугари и што уште не, спротивно на сите документи и ветувања. Сега пак се обидуваат да ни ја понудат старата песна „пуштете не, па ќе видиме“. Да, но не. Властите во Скопје мора да преземат брзи и одлучни чекори за да ја потврдат својата посветеност на добрососедските односи. Наместо тоа, сведоци сме на постојани провокации, сѐ повеќе фалсификати и закани за надворешен притисок, напиша Џамбаски на Фејсбук.

Џамбаски го советува Георгиевски: „Не станувајте емисар на оние што Ве маргинализираа“.

-Мислам дека и двајцата сакаме да нема граница од Охрид до Црно Море, но тоа не треба да се случува на сметка на правата на Бугарите во Македонија и историската вистина, наведува бугарскиот европратеник.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Љубовна приказна со трагичен крај: На денешен ден се убиени сараевските Ромео и Јулија

Следно

Хјуман рајтс воч тврди дека документирала нови случаи на воени злосторства во Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian