Викторија Бекам: Не е модерно да си слаба, жените денес сакаат облини

2 mins read

Викторија Бекам со години ја одржува својата витка линија за која многумина тврдат дека ги надминува и границите на нормала, а сега откри како нејзиното мислење се променило со текот на времето и дека верува дека слабите луѓе денес се дел од минатото.

Модната дизајнерка, која претходно зборуваше за притисокот што го чувствувала кога била дел од „Spice Girls“ да биде што е можно повитка, ја претстави својата нова колекција облека и по тој повод изјави дека истата подобро им стои на дамите со облини кои ѝ биле инспирација.

„Жените денес сакаат да изгледаат здраво и да имаат облини. Сакаат да имаат гради и задник“, изјави Викторија за „Грација“, која воедно е на насловната страница.

Инаку, нејзината нова колекција „им помага на жените да имаат позаоблена фигура“, а колку повеќе облини има жената, „толку подобро изгледаат нејзините фустани на нив“.

„Не е важно која големина сте, туку да знаете која сте и да бидете среќни со тоа што сте. Најдов сопствен баланс помеѓу желбата да се забавувам и дисциплината во исхраната и вежбањето. Кога си помлад се бориш против тој баланс, но сега знам како тоа изгледа и што ми одговара“, рече Бекам.

48-годишната Викторија спомна дека времето поминато во Мајами, Флорида, каде жените гордо ги истакнуваат своите облини ѝ помогнало да го промени своето мислење.

„Ги покажуваат своите тела со таква самодоверба. Нивниот став и стил беа навистина ослободувачки за мене. И како мајка ми се допадна што ќерка ми Харпер беше во близина на жени кои навистина ги слават своите облини и уживаат во својот изглед“, откри таа.

Инаку, сопругот на Викторија, Дејвид Бекам на почетокот на годината објасни дека откако ја запознал сопругата, таа секогаш ја јаде истата храна – риба на скара и зеленчук на пареа, велејќи дека ретко прави отстапки.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Официјално: Жељко Бабиќ ќе го напушти Е. Пелистер

Следно

„Слободен печат“: ВМРО-ДПМНЕ повикува на фронт за уривање на владата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian