ВИДЕО: Пресврт на Ливерпул, последното коло одлучува за шампионот во Премиер лигата

1 min read

Играчите на Јирген Клоп останаа во трката за титулата шампион на Англија, и натаму ги одржуваат надежите за освојување на сите четири трофеи сезонава.

Ливерпул славеше важен триумф во натпреварот од 37 претпоследно коло на Премиер лигата на стадионот „Сент Мери“ против Саутемптон – 2:1. „Црвените“ така останаа во трка за титулата во Премиер лигата, имаат бод помалку од водечкиот Манчестер сити.

Не започна најдобро мечот за финалистот во Лигата на шампионите, Саутемптон поведе со голот на Редмонд во 13 минута. „Црвените“ потоа ја презедоа иницијативата, а не им требаше многу време за израмнување, израмнија со голот на Минамино во 27 минута. Јапонецот од почит кон Саутемптон не го прослави голот со оглед на тоа што за овој тим одигра пола сезона.

Претходно Фирмино ја затресе мрежата на домаќините, но Бразилецот беше во офсајд позиција. По само четири минути во вториот дел, Жота имаше одлична можност, одлично го следеше ударот на Цимикас, но шутираше од шест метри покрај голот на Мекарти.

Иницијативата, сепак, резултираше со пресврт за Ливерпул. По едно уфрлување, интервенираше одбраната на Саутемптон, но топката стигна до Матип, кој одлично се снајде, тој со глава успеа да ја погоди мрежата на домаќините.

Во последното коло Сити на домашен терен ќе ја пречекаат Астон Вила, додека Ливерпул на „Енфилд“ ќе биде домаќин на Вулверхемптон. Сите мечеви од последното коло ќе се играат на 22 мај од 17.00 часот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бугарското претседателство со ЦЕИ го осуди грубото нарушување на украинскиот суверенитет од страна на Русија

Следно

Калуш Оркестра објави: Одиме на турнеја за да собереме пари за Украина, а ќе го продадеме и пехарот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian