Оваа година на Евровизија победи украинскиот бенд „Калуш Оркестра“ кој доби невидена поддршка од гласачите од цела Европа. Песната „Stefania“ за брзо стана голем хит, а посебна димензија на песната ѝ даде тоа што е посветена на мајката на Олег Псиук, Стефанија.
Несомнено, Стефанија стана најпознатата мајка во Украина, а од самиот почеток го поддржуваше нејзиниот син и неговиот бенд.
„Сите си ја потпевнуваат нашата песна. Првично беше посветена на мајка ми, по која го доби името, но сега е песна за сите мајки“, изјави Олег Псјук пред финалето на Евровизија.
Во песната се зборува за стареењето и носталгичните чувства. Нараторот сфаќа колку мајка му направила за него, свесен е за нејзините борби и за сето она низ кое поминала. На крајот од строфата се слуша и приспивна песна. Членовите на групата претходно изјавија дека нивната песна Стефанија станала „украинска химна“.
Повеќе написи на темата: