ВИДЕО | Д-р Мојаноски: СПЦ не може да одлучува за граѓаните и верниците на МПЦ-ОА

3 mins read

Во очекување на официјален став на МПЦ-ОА по вчерашното нејзино признавање од страна на Саборот на СПЦ како автономна црква, со свој став во Утрински брифинг излезе проф. д-р Цане Мојаноски, поранешен претседател на Комисијата за односи со верските заедници.

-Мислам дека се очекуваше дека годинава Вселенскиот Патријарх ќе одговори на барањето на МПЦ за дејствување на посебна автокефална црква на подрачјето на Македонија. Беше очекувано дека вселенскиот патријарх согласно неговите надлежности и овластувања ќе се појави со иницијатива и некакво решение се очекуваше да донесе ваква одлука. Одлуката на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија е во насока дека МПЦ се упатува кај СПЦ да ги реши отворените прашања. Возобновата на Охридската Архиепископија како помесна црква која дејствува на подрачјето на Македонија е значајна одлука. Од тој аспект враќањето во СПЦ да разговарате за административните прашања првото прашање кое се поставува зошто сме изглегле од СПЦ, а сега се враќаме да ја решаваме наметнатата шизма од СПЦ. Јас се надевам дека одлуката на СПЦ нема да се чека подолго отколку што се чекаше на одлуката на Вселенскиот Патријарх, но во црквата ништо не е сигурно бидејќи таму времето има друга димензија, вели проф. д-р Цане Мојаноски.

Според него дел од деценискиот проблем и е националната одредница на црквите.

-Се смета дека најголем отпор на формирање на МПЦ уследи од патријаршиите кои сметаат дека во називот на црквата не треба да стојат национални одредници. Тука се Атинската, потоа Руската православна црква. Во однос на тоа какво е влијанието на РПЦ може да се каже дека на оваа група на цркви кои проповедаат на старословенски јазик нивното влијание е големо на Балканот. Судирот меѓу Московската црква и Цариградската црква се заостри со признавањето на украинската црква а нивните разлики особено може да се забележат во пораките кои ги испраќа СПЦ, рече Мојаноски.

Според него сега МПЦ е во многу подобра позиција со оглед на тоа што како сојузник ја има Вселенската патријаршија.

-СПЦ не може да одлучува за граѓаните и верниците на МПЦ, вели за УБ проф. Д-р Цане Мојановски, еден од најдобрите познавачи на црковните прашања во Македонија, дециден е проф. Мојаноски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Амбер Херд лажела дека парите од разводот ги донирала во детска болница

Следно

Вознемирувачки сцени и потресни моменти од евакуацијата на бранителите од фабриката Азовстал: „На Украина и требаат живи бранители“ (ВИДЕО)

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian