Турска серија се снима во Скопје, еве ги деталите!

1 min read

Викендов во Скопје започна со снимање нова турска серија која го носи насловот „Балканска приспивна песна“. Во фејсбук групите посветени на главниот град се споделуваат фотографии и детали поврзани со играната серија. 

Како што соопштија продуцентите на серијалот, снимањето започнало на 14 мај, додека филмот ќе ги прикажува искрените и радосните приказни на балканскиот народ. Овој сериски филм во летниот период ќе биде прикажан на ТРТ 1.

Серијалот ќе ја раскаже љубовната приказна на двајца млади од различни националности во Скопје, кој 600 години беше османлиски град, каде што заедно живеат различни националности, како Турци, Албанци, Македонци. Ќе се раскаже нивната борба во насока на тоа во име на љубовта да го постигнат тоа што е невозможно.

Продуценти на серијалот се Јалчин Ари и Угур Узунок, режисер е Доган Умит Караџа, додека сценарист е Угур Узунок. Музиката во серискиот филм ќе биде подготвена од страна на Алпер Атакан.

Во главна улога ќе бидат турските актери Ердал Озјагџилар, Озлем Туркад, Емре Беј и Мерих Озтурк, додека останатите актери и актерки, меѓу кои се и актери и актерки од Северна Македонија, се Хакан Бојав, Џан Колукиса, Сузан Акбелге, Сарп Бозкурт, Ѓозде Чигаџи, Дениз Ѓуркан, Емине Хаљиљ, Бурак Рахман, Сулејман Кара, Каан Тургут и Ерман Шабан.

skopjeinfo.mk

Претходно

ФОТО: Откриен тунел за дрога меѓу Калифорнија и Мексико, објавени фотографии од внатрешноста

Следно

Кјелини: Ова беше долго патешествие, Јувентус и репрезентацијата ги оставам во вистински раце

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Каков дебакл – во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, демантот стигна од Бугарија, Македонија прифатила дека Самоил е бугарски цар, а Климент и Наум твореле во бугарска држава

Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа, во истиот ден

MacedonianEnglishAlbanian