Трошановски: Изборите не се решение, експертска или техничка влада е посоодветно решение

1 min read

По најавата на ВМРО-ДПМНЕ за оддржување на голем протест на 18 јуни за уривање на владата на Димитар Ковачевски, политичкиот аналитичар Марко Трошановски смета дека изборите не се решение, туку додавање на уште една криза. Според него, ако за опозицијата главна цел е јавниот интерес, тогаш формирањето на експертска или техничка влада е многу посоодветно решение од предвремени парламентарни избори.

-Неколкуте кризи кои паралелно ги живееме неминивно предизвикуваат големи  фрустрации кај граѓаните и тие оправдано се припишуваат на власта, иако во голем број се увезени. Политички опортуно е опозицијата да создава поени на ваквото незадовилство, но сметам дека предвремени парламентарни избори не се решение на проблемите туку додавање на уште една криза. Ако јавниот интерес е главната цел, тогаш експертска или техничка влада е многу посоодветно решение кое би ги здружило најдобрите човечки капацитети со кои земјата располага – вели Трошановски.

Според него, голем митинг е легитимен начин да се покаже незадоволството, но сите постапки коишто го блокираат нормалното одвивање на процесите во институициите не верувам дека ќе придонесат за подобрување на ситуацијата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Меган Фокс е бремена? Машин Ган Кели покрена гласини откако посвети песна на нероденото дете

Следно

Финскиот претседател ќе се договара со Турција за влезот на Финска во НАТО

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian