Спој на Марс и Нептун во Риби: Под површината на свеста се кријат заблуди

2 mins read

Планетата Марс е во знакот на Риби и се среќава со Нептун во Риби. Влијанието на овој астролошки аспект ќе го почувствуваме деновиве, а најсилно на 19 мај. Сонуваме будни. Фантазираме. Дејствуваме интуитивно, пишува астрологот Јулијана Оремовиќ.

Спојот на Марс и Нептун во Риби е исклучително креативен така што имаме можност да уживаме во музиката, танцот, уметноста воопшто. Има харизма и моќ на заведување, но и сексуалност. Сè е можно.

Ризиците од аспект е што лесно може да паднеме во заблуда и да се оддалечиме од реалноста. Се залажуваме себеси и другите. Пазете се од измами и неискреност и луѓе кои ве заведуваат со некоја цел, евентуално заради профит. Бидете внимателни со вода, храна, гас и лекови.

Несвесното влијае на нашите постапки. Верувањата можат да нѐ мотивираат да правиме избори кои не се нужно добри за нас.

Еклипса на Месечината во Скорпија: Како ќе влијае на вашиот хороскопски знак

Активностите можат да бидат тајни, можно е нешто да се сокрие од другите или други да ни го направат тоа. Ќе забележиме и пад на мотивацијата и зголемен замор. Ако сте збунети или не знаете што да правите, подобро е да не правите ништо.

Исто така, можно е некои настани да се невообичаени и да не знаете како да ги протолкувате. Не присилувајте ништо и верувајте му на вашиот внатрешен глас.

Доколку сакате да постигнете нешто, 19 мај е добар ден за визуелизација и зајакнување на вербата во позитивен исход.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Арслановски меѓу најдобрите осум куглари на Светскиот куп во Естонија

Следно

МТСП и СОНК се приближуваат до решение, утре е крајниот рок

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian