СПЦ потврди: Стефан и Порфириј во четврток ќе служат помирувачка литургија во Белград

1 min read

Српската православна црква (СПЦ) на својата официјална веб-страница најави дека в четврток, на 19 мај, во Соборниот храм Св.Сава во Белград, патријархот на СПЦ Порфириј и Архиепископот Охридски и Македонски Стефан ќе служат архиерејска литургија за воспоставување на „литургиско и канонско општење на двете сетрински цркви”, јави дописникот на МИА од Белград.

На сајтот на СПЦ, соопштението е објавено под цитатот од библискиот псалм 133 –„Како е убаво и прекрасно кога сите браќа живеат заедно”.

– Со благодарност кон Господа и со радост ја известуваме сета полнота на Светата Црква дека Неговата Светост Српскиот патријарх г. Порфириј и Неговото Блаженство Архиепископот охридски и македонски г.Стефан, заедно со сослужување на сите архиереи на СПЦ и на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, во четврток, на 19 мај 2022 година, ќе служат света архиерејска Литургија во соборниот храм Свети Сава во Белград, со која ќе се воспостави литургиска и канонско општење на двете сестрински цркви, во рамки на одлуката на Светиот архиерејски синод на Српската православна црква, пишува на сајтот на СПЦ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Мажот кој има девет сопруги вели: Која прва ќе дојде, таа прва ќе добие

Следно

Бајден во четврток ќе ги прими шведската премиерка и финскиот претседател

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian