Сопругата ја снимила стравичната смрт: Поранешен фудбалер на Витесе скокнал од 35 метри во море, но удрил во карпа

1 min read

Фудбалска Холандија тагува по Мурад Ламбрате кој трагично загина додека бил на одмор во Шпанија скокајќи од 35 метри и удрил во карпа, а стравичната смрт била снимена од неговата сопруга.

Минатата недела на социјалните мрежи се појави видео снимка од неименуван човек кој загина по скок од 35-метарска карпа, а сега е утврден неговиот идентитет, тоа е поранешниот фудбалер на холандскиот тим Витесе, Мурад Ламбрате.

Стравичната смрт ја снимала неговата сопруга.

– Сакаме да изразиме сочуство до семејството на поранешниот фудбалер на Витесе, Мурад Ламбрате кој имаше само 31 година – објави холандскиот тим.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Денеска ќе биде промовирана кампања „Не молчи, пријави! Заедно против неправилностите!“ на ЈП Градски паркинг – Скопје

Следно

Што јадат кардиолозите за здраво срце? Пет намирници кои секогаш се наоѓаат во нивната кујна

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian