„Слободен печат“: ВМРО-ДПМНЕ повикува на фронт за уривање на владата

3 mins read

Во печатеното издание на „Слободен печат“ ќе прочитате:

 

Хроника

 

Опозицијата на 18 јуни ќе одржи голем протест: ВМРО-ДПМНЕ повикува на фронт за уривање на Владата

Ќе видиме дали лидерот на опозицијата ќе има капацитет да привлече маса народ, надвор од верните и традиционалните партиски активисти од општинските комитети, вели политикологот Благојче Атанасоски. Изборите не се решение за надминување на неколкуте кризи, туку формирање техничка или експертска влада, смета политичкиот аналитичар Марко Трошановски.

Резерви кон одлуката на СПЦ да прифати канонско единство со МПЦ-ОА: Дали „единството“ е мал чекор или голема пречка на патот кон автокефалност?  

– Заедништво Српскиот патријарх Порфириј и архиепископот македонски г. г. Стефан утре ќе служат литургија за помирување во храмот „Свети Сава“ во Белград, а ќе сослужуваат сите архијереи на двете цркви, објави Танјуг повикувајќи се на извори од Патријаршијата.

Еднодушна осуда на потегот на МВР: Полицијата тренираше строгост со новинарка

МВР и Министерство за правда ќе го истражат повикувањето на новинарката Соња Колевска-Делевска од порталот Сдк.мк на разговор во полициска станица, откако прифатиле да постапат по поплака за новинарски текст

  

Економија

17 домаќинства месечно за струја плаќаат 3 милиони евра?!: Некој загрева „маратонски“ базени, некој копа криптовалути

Грубата пресметка што ја направи „Слободен печат“ (по цена за еднотарифно броило) покажува дека за месечно потрошените 33 милиони киловат-часови се платени 194 милиони денари (околу 3 милиони евра), а ако се земат предвид официјалните изјави дека 80 отсто од струјата за домаќинствата е субвенционирана, тоа значи дека субвенциите наменети за 17 граѓани се 2,4 милиони евра.

 

Свет

Шведска и Финска аплицираа, но Турција бара отстапки за експанзијата на НАТО

– Раководството во Анкара има искуство со „политички пазарења“ со Европа, како за запирање на бегалскиот бран од Сирија во замена за финансиски средства и со САД за набавка на авиони „ф-16“ и за задржување на руските противвоздушни системи „с-400“

 

Скопје

Ѓорчепетровци уште чекаат нивните деца да пливаат во затворениот базен

Затворениот базен во ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ почна да се гради во февруари 2020 година, како еден од шесте базени од ваков тип што ги гради Агенцијата за млади и спорт во соработка со локалните самоуправи, а според последните информации, запрени се завршните работи од неговата изведба.

 

Фељтон: Атентатот во Марсеј, михајловистичката ВМРО и нацистите

 

Мозаик

Нов скандал од Евровизијa:  Романија тврди: На Украина не ѝ дадовме максимални 12 поени!

Јулијана Марчук тврди дека 12-те поени што Букурешт ѝ ги доделил на Молдавија, ѝ припаднале на Украина и дека не разбира зошто ЕБУ го поништил гласањето на нивното жири.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Викторија Бекам: Не е модерно да си слаба, жените денес сакаат облини

Следно

Чеферин: Немам проблеми со Реал, но немам никакви контакти со претседателот Перез

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian