Шведска и Финска утре заеднички ќе поднесат барање за членство во НАТО

1 min read

Шведска и Финска утре заедно ќе ги поднесат своите барања за членство во НАТО, изјави денеска шведската премиерка Магдалена Андерсон.

– Во Шведска и Финска се согласуваме да одиме рака под рака низ целиот овој процес, а утре ќе поднесеме барања, рече Андерсон на заедничката конференција со финскиот претседател Саули Нинисто во шведскиот главен град.

Финскиот парламент во вторникот гласаше за влез во НАТО со огромно мнозинство од повеќе од 95 отсто од гласовите, дозволувајќи му на Хелсинки да испрати формална апликација за членство до седиштето на Алијансата.

Финскиот Парламент денеска гласаше за влез во НАТО со огромно мнозинство од повеќе од 95 отсто од гласовите, дозволувајќи му на Хелсинки да испрати формално барање за членство до седиштето на Алијансата.

И шведската министерка за надворешни работи Ан Линде денеска го потпиша барањето на нејзината земја за членство во НАТО.

Иако Финска и Шведска се историски неутрални, руската инвазија врз Украина радикално го промени јавното мислење за приклучување кон воениот сојуз.

Со исклучок на Анкара, другите членки на НАТО ја поддржуваат кандидатурата на двете земји.

kurir.mk

Претходно

Владата одлучи – почнуваме стратешки дијалог до САД

Следно

Анонимна дојава за бомба во Ректоратот на Приштинскиот универзитет

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Каков дебакл – во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, демантот стигна од Бугарија, Македонија прифатила дека Самоил е бугарски цар, а Климент и Наум твореле во бугарска држава

Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа, во истиот ден

MacedonianEnglishAlbanian