Што јадат кардиолозите за здраво срце? Пет намирници кои секогаш се наоѓаат во нивната кујна

4 mins read

Погледнете ги здравите навики на лекарите кои најдобро знаат како да се грижат за здравјето на срцето.

Бидејќи е една од најважните компоненти за целокупното здравје, важно е да јадете здрави намирници.

Ако се прашувате која од овие намирници спаѓа во категоријата „добри за здравјето на срцето“, Американското здружение за срце ги советува ДАСХ и медитеранската исхрана. Фокусот е ставен на разновидноста на свежите намирници, целите зрна, јаткастите плодови, рибата, пилешкото и мисиркиното месо и млечните производи со малку маснотии. Она што може да ве изненади е фактот колку вкусни јадења се кријат на оваа листа.

Бидејќи здравјето на срцето е секогаш еден од приоритетите, неколку кардиолози ги издвојуваат намирниците кои секогаш ги имаат во кујната и кои помагаат да се подготват вкусни и здрави оброци за кратко време.

1. Маслинки

Веројатно имате масло за јадење, но дали имате маслинки во нивната оригинална форма?

„Маслинките се полни со антиоксиданти, содржат малку јаглехидрати и многу здрави мононезаситени масни киселини. Сите се квалитети кои можат да го намалат лошиот холестерол, но го зголемуваат нивото на добриот холестерол и го намалуваат ризикот од срцеви заболувања“, вели д-р Сатит Бусри, кардиолог од Њујорк. Тој секогаш ги има во кујната, а сака да ги јаде како предјадење или да ги додава во разни јадења.

2. Лосос

„Јадете риба“, советува д-р Леонард Пјанко, кардиолог во Кардиоваскуларниот центар во Флорида.

„Лососот е секогаш во мојата кујна и е една од намирниците што секогаш со задоволство им ја препорачувам на пациентите бидејќи е погодна за одржување на здравјето на срцето, а исто така е многу вкусен“, додава тој.

Но, лососот не мора да биде единствената риба што ја јадете, секоја што содржи омега-3 масни киселини е добра за здравјето на срцето. Истражувањата покажуваат дека токму таквите намирници го намалуваат ризикот од хронични воспаленија, а последица на тоа е помал ризик од развој на болести на срцето, објаснил Пјанко.

3. Зелен лиснат зеленчук

Од кељ до спанаќ, не можете да претерате со овие намирници.

„Токму овој зеленчук е полн со влакна и може да се додаде во речиси секој оброк, од супи, салати до сендвичи, а може да се консумира сиров и термички обработен“, додава кардиологот, д-р Џон Озборн.

4. Мешунки

Покрај зелениот лиснат зеленчук, Озборн секогаш во кујната има многу мешунки (грав, грашок, леќа) и се обидува да ги додаде во повеќето оброци за да ги замени покалоричните намирници како месо и маснотии. Покрај тоа што се лесно достапни, во секој оброк ќе додадат добра доза на протеини, а може да се подготват како варива, салати, но и сосови. Тие содржат малку калории, но многу влакна, минерали и витамини и други фитонутриенти и ќе помогнат во намалување на холестеролот и контрола на крвниот притисок, намалување на ризикот од развој на срцеви болести.

5. Јаткасти плодови и семки

Како овошјето и зеленчукот, вашиот организам со консумирање на овие намирници ќе добие многу хранливи материи.

„Дома секогаш имам семки, бадеми, ореви и овес“, вели кардиологот Елизабет Клодас.

Овие намирници често ги комбинира со овошје, а резултатот е оброк полн со влакна, омега-3 масни киселини, антиоксиданти… За да го извлечете максимумот од нив, треба да ги консумирате во текот на денот, па додадете ги барем во два оброци.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сопругата ја снимила стравичната смрт: Поранешен фудбалер на Витесе скокнал од 35 метри во море, но удрил во карпа

Следно

ФОТО: Откриен тунел за дрога меѓу Калифорнија и Мексико, објавени фотографии од внатрешноста

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian