САД: Успешни напорите да и се оневозможи пристап на Русија до високата технологија

1 min read

Заедничките напори на Европската унија и САД да го ограничат пристапот на Русија до високата технологија поради нејзината војна против Украина, успеаја во голем обем, изјави денеска американската министерка за трговија Џина Рајмондо.

По враќањето од состанокот на трговските и технолошките совети ЕУ-САД во близина на Париз, таа рече дека санкциите кон Русија „имаат силен и значаен ефект“ и дека на таа земја извозот и е намален за 80 отсто од февруари.

– Во суштина, ние престанавме да испраќаме високотехнолошки производи во Русија, кои им се потребни за нивната војска, рече Рајмондо.

Претставниците на Комисијата на ЕУ и администрацијата на Бајден се согласија дополнително да ги координираат своите активности „со цел да се ублажат негативните ефекти“ од руската војна во Украина врз глобалната економија.

kurir.mk

Претходно

ВИДЕО | Драматична снимка од одронот кој го блокира патот Скопје-Блаце

Следно

Медведев елиминиран уште во првиот меч на турнирот во Женева

Latest from Blog

Македонската наука со индигнација ги отфрла препораките на „Комисијата за ревизија на македонската историја“, како псевдонаучни, ништовни и нерелевантни!

Таканаречените “Препораки за заедничко одбележување на историски личности“ на “Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и

MacedonianEnglishAlbanian