Неделков: Очекувам договор со министерката Тренчевска за исплата на дневниците за време на штрајкот

2 mins read

Претседателот на СОНК Јаким Неделков, пред денешната средба со министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска изрази оптимизам дека конечно ќе  се најде решение за барањата на просветните работници.

– Нова конкретна понуда за зголемување на платите на наставниците немаме добиено, кога ќе добиеме, процедурата ќе остане иста. Повторно ќе има седница на која членството на СОНК ќе одлучи дали ќе ја прифати понудата или не. Денеска со министерката Тренчевска ќе разговараме за исплата на дневниците на наставниците за време на штрајкот, при што се надевам дека ќе  најдеме заедничко решение, рече Неделков.

Претходната средба на синдикалците со МОН беше во петокот, кога се преговараше за колективните договори  во основно и средно образование, а со МТСП средба имаа во четвртокот кога двете страни разговараа за формирање работна група за нов колективен договор за предучилишните установи, зашто важноста на актуелниот истекува со  јуни.

За денеска со МОН се очекува да се разговара и за процентот за зголемување на платите.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска изјави дека ќе направат напори да се постигне договор бидејќи вторите десет дена од рокот за решавање на спорот со медијација завршуваат утре или задутре.

– Ние ќе направиме напори денеска да се постигне договор зашто за многу теми од разговорот сме дојдени блиску до решение на проблемот. Во текот на денот да најдеме решение заедно со помирувачот и двете страни кои сме во преговори да ги прифатиме препораките кои ќе дојдат од страна на помирувачот, рече Шаќири.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Ова е Стефанија: Најпознатата мајка во Украина по Евровизија

Следно

Телефонски разговор меѓу Зеленски-Шолц

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian