Иако Еди Хау успеа да обезбеди опстанок во Премиер лигата, сопствениците на Њукасл размислуваат да ангажираат звучно тренерско име и изборот падна на Жозе Мурињо, пишува „Марка“.
Според шпанскиот спортски весник, сопствениците на Њукасл – државниот саудиски фонд кој е под директна контрола на престолонаследникот Мохамед бин Салман, се подготвени да се откажат од Хау доколку Мурињо е подготвен да ја напушти Рома.
Португалецот има договор со „римската волчица“ до 2024 година, додека договорот на Хау е до 2023 година.