Мицотакис: ЕУ перспективата на Балканот треба да се задржи жива и опиплива

1 min read

Поддршка за ЕУ перспективата на регионот, со порака дека треба да се задржи жив и опиплив процеост, изрази грчиот премиер Кирјакос Мицотакис, во неговиот говор на приемот организиран во Белата куќа, по средбата со американскиот претседател Џо Бајден.

-Балканот е исто така доста кревок. Треба европската перспектива да ја одржиме жива и опиплива. Грција е столб за регионален просперитет и безбедност и секогаш ќе бараме мирни средства за решавање на нашите несогласувања со соседите. Убеден сум дека можеме да го постигнеме тоа, истакна Мицотакис во делот посветен на регионот.

Меѓу другото, грчкиот премиер се осврна и на енергетиката и новиот терминал за течен гас во Александруполи, потенцирајќи дека „пристаништето на Александруполи во североисточна Грција, на само 500 милји од украинската граница, освен военото значење за НАТО, брзо станува регионален енергетски центар и влезна точка во за течен природен гас на Балканот и во Источна Европа”.

Средба Мицотакис – Бајден: Грција ќе набави воени авиони Ф-35 од САД

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Приведен скопјанец баран со потерница за издржување затворска казна

Следно

Мурињо пред кам-бек во Премиер лигата, Њукасл не се откажува од Португалецот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian