Меси не се враќа во Барселона, се сели во МЛС лигата

2 mins read

Аргентискиот репрезентативец Лионел Меси се поизвесно е дека по одисејата во ПСЖ, кариерата ќе ја заврши на неочекувано место, во МЛС лигата и тоа во екипата на Интер Мајами, додека Барселона ќе извиси.

Трансферот, односно доаѓањето на Меси во Интер Мајами ќе се случи идното лето кога ќе му заврши договорот со францускиот тим. Според јужноамериканските медиуми, Меси освен што ќе игра за Интер Мајами, ќе откупи и 35 отсто од акциите на тимот чиј сопственик е поранешниот англиски репрезентативец Дејвид Бекам.

– Отсекогаш сум сакал да видам како е да се живее и да се игра фудбал во САД. Меѓутоа не знам дали тоа ќе се случи сега или подоцна – рече Меси во 2020 година, кога сакаше да си замине од Барселона.

Аргентинецот веќе поседува имот во Мајами, има два луксузни апартмани од кои едниот го стави на продажба и за него бара 6 милиони евра.

Интер Мајами се наоѓа на претпоследното 13 место во Источната конференција, а тренер на екипата е поранешниот англиски репрезентативец Фил Невил.

Лионел Меси, минатата година како слободен играч се пресели во ПСЖ со кого потпиша двегодишен договор, откако претходно 20 години го носеше дресот на Барселона и чии навивачи изминатите денови се надеваа дека Аргентинецот ќе се врати на „Камп Ноу“.

Во текот на викендот во Барселона пристигнал таткото на фудбалерот, Хорхе Меси, и тоа за шпанските медиуми и за навивачите на каталонскиот тим беше окарактеризирано како враќање на Лионел Меси на местот каде што ги доживеа најголемите успеси во кариерата.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Грција: Утре ќе се одлучува за мерката маска на затворено

Следно

ФОТО | Мажот кој има девет сопруги вели: Која прва ќе дојде, таа прва ќе добие

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian