Првиот носител на АТП турнирот во Женева, Данил Медведев доживеа пораз на стартот од Французинот Ришар Гаске.
Мечот од второто коло кој траеше точно еден и пол час беше решен во два сета со резултат 2:0 (6:2, 7:6).
Рускиот тенисер го играше својот прв меч после еден и пол месец пауза поради повреда.
Го немаше потребниот ритам и тоа го искористи Гаске за пет врзани освоени гемови за лесно освојување на првиот сет.
Гаске во вториот сет направи брејк и експресно поведе со 3:1. Потоа, следуваше пресврт на Медведев за 4:3. Во понатамошниот период се играше гем за гем до тај-брејкот кој Гаске го доби со 7:5.
Во другите денешни мечеви: Андухар – Соуза 0:2, Багнис – Басилашвили 0:1 (Багнис пред.), Рамос – О`Конел 0:2, Кокинакис – Фоњини 2:0, Риеди – Никлес 1:2.