Косовска пратеничка осудена на три години затвор поради незаконска одлука од 2019 година

1 min read

Пратеничката во републичкото Собрание на Косово, од редовите на владејачката партија Движење самоопределување (ЛВВ), Јетмире Вренези е осудена денеска на три години затвор и парична казна од 2.000 евра, поради незаконита одлука која ја донела во 2019 година, како раководителка на секторот за урбанизам во општина Призрен.

Истата казна Основниот суд во Призрен му ја изрече и на поранешниот раководител на оптшинскиот градежен инспекорат, Ислам Тачи, додека четворица други обвинети се ослободени во недостиг на докази.

Вренези и Тачи, според образложението на судот се прогласени виновни по обвинението за залоупотреба на службената должност и надминување на надлежностите, со тоа што донеле противравна одлука за уривање на објект во трговскиот центар „Аби Чаршија” во Призрен.

Двајцата тогашни општински функционери ја донеле незаконитата одлука со цел да му наштетат на инвеститорот „Аби” Д.о.о., иако тој уредно аплицирал за добивање дозвола за градба, објави судот.

Незадоволните страни имаат право на жалба пред апелациски суд.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Арсовска денеска меѓу учениците од средното стручно училиште „Димитар Влахов“

Следно

Арслановски меѓу најдобрите осум куглари на Светскиот куп во Естонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian