Какви се хороскопските знаци кога се болни?

3 mins read

Астрологијата иако псевдо наука често е многу точна, а ако не е, е многу забавна. Влијае на нашите карактеристики, модели на однесување и работи кои сакаме или не сакаме да ги правиме. Може да влијае и на тоа какви сме кога ќе нè зафати сезонска болест како настинка или грип.

Забавувајте се и проверете што прави вашиот хороскопски знак кога ќе биде зафатен од болест

Овен

Не го прашувајте ништо Овенот кога е болен, само држете се подалеку. Пукаат како пуканки на прашања од типот: дали си ја измерил температурата, дали можам да ти направам чај и како се чувствуваш.

Бик

Бикот воопшто не е хипохондрик туку има соодветен однос кон своето здравје. На првиот знак на болест тој ќе брза кај лекар за преглед и ќе биде мирен и сталожен.

Близнаци

Близнаците ќе му се јават на шефот рано наутро за да го известат за болеста и неспособноста да работат. Но, веќе во попладневните часови за чудо ќе заздрават и ќе го искористат слободниот ден да им се придружат на пријателите.

Еклипса на Месечината во Скорпија: Како ќе влијае на вашиот хороскопски знак

Рак

Болен? Раковите никогаш не се болни. Тие секогаш се однесуваат како да се совршено здрави и не им е потребна медицинска помош.

Лав

Дали се распродадени сите витамини и лекови кои се издаваат без рецепт од лекар во вашата аптека? Најверојатно ги собрале Лавовите. Сакаат брзи решенија од аптека. Ќе направат сè само за да не одат на лекар.

Девица

Девицата ќе страда за целиот колектив или домаќинство. Треска, болки во грлото или воспалени синуси нема да ја спречат да ги извршува своите задачи, иако ќе се чувствува ужасно и ќе молчи за тоа.

Вага

Кога е болна, Вагата е немирна. Ако ја заковате за кревет, таа ќе измисли илјада работи што треба да ги направи и места што треба да ги посети само за да не мора да размислува за своето здравје.

Скорпија

Скорпијата е зборува нон-стоп кога е болна. Уста не затвора. Ќе ги извести сите што ја познаваат за нејзините маки.

Голем неделен хороскоп (16-22 мај): На Близнаците сè ќе им оди од рака, Стрелците ќе стават крај…

Стрелец

Дали подготвивте чисти пижами и топол чај за Стрелецот? Па, што чекате? Овој хороскопски знак сака партнерот, родителите или пријателите да го третираат како мало бебе.

Јарец

Збогум животе! Кога се болни, Јарците го поминуваат целиот ден во кревет. Немаат волја до отидат до кујната, а камоли до бањата за да ја вршат најосновната хигиена.

Водолија

На Водолијата ѝ треба многу време да заздрави. Или тоа е само одлична причина да бидат мрзеливи. Кој ќе ви каже со сигурност?

Риби

Не сте ја виделе Рибата долго време? Веројатно е болна. Рибите сакаат да се повлечат во изолација кога се болни бидејќи не сакаат никој да ги гледа во таква состојба.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Медведев елиминиран уште во првиот меч на турнирот во Женева

Следно

АМСМ: Кон Блаце поради одронот вечерва се вози наизменично во едната лента

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian