Исплива нов скандал од Евровизија, Романија тврди: На Украина не ѝ дадовме максимални 12 поени!

3 mins read

По обвинувањата за мамењето на Евровизија, се огласи и шефицата на романската делегација, Јулијана Марчук, која тврди дека 12-те поени кои Букурешт ѝ ги доделил на Молдавија ѝ припаѓаат на Украина и дека не разбира зошто ЕБУ го поништил гласањето на нивното жири.

Марчук тврди дека романското жири ги почитувало сите правила поставени од ЕБУ.

– Од Торино се јавив во Букурешт, побарав да ми го дадат резултатот, бидејќи до тој момент не ги знаев и деталите за тоа како жирито е организирано во студиото. Дознав дека гласањето е организирано според сите правила на ЕБУ, со задолжително присуство на записничарот, кој пристигнал во студиото пред членовите на жирито. Членовите на жирито не можеа да комуницираат меѓусебно. Не можеа да разговараат. Секоја личност ги потпиша своите гласови. Тие не го видоа ниту конечниот резултат на жирито. Не знаеме во што е проблемот!“, изјавила Марчук за романски „Тележурнал“.

Да потсетиме, во саботата вечер, во текот на големото финале, Европската радиодифузна унија испрати нејасно соопштение во кое се наведува дека открила „неправилни шеми на гласање“ откриени меѓу шест неименувани земји по вторите проби за второто полуфинале. Гласовите на нивните жири-комисии се поништени и заменети со „заменски збирен резултат за секоја земја за која ова се однесува и за второто полуфинале и за големото финале“ (пресметано врз основа на резултатите од другите земји со слични резултати од гласањето). Брзо се дозна дека станува збор за Азербејџан, Грузија, Црна Гора, Полска, Романија и Сан Марино.

Фото: Скриншот/Јутјуб

Во текот на преносот во живо, три од овие земји, вклучително и Романија, имаа „технички тешкотии“, поради што извршниот супервизор на ЕБУ, Мартин Остердал, самиот гласно ги прочита резултатите. Меѓутоа, се појавија видеа на кои се гледа дека романската водителка е подготвена да ги изговори поените, но видеото брзо се прекинува.

„Романската телевизија целосно се посвети на учеството на Евровизија 2022, плаќајќи ја котизацијата и подготвувајќи, заедно со својот тим ВРС, проект кој уживаше признание на јавноста. Меѓутоа, бевме изненадени кога откривме дека резултатот од гласањето на романското жири не беше внесен во конечната ранг листа, при што организаторите доделија уште еден сет на поени за финалистите, во име на жирито на нашата земја. Прецизираме дека жирито во Романија одлучи да додели максимален број поени на претставниците на Молдавија“, се тврди во соопштението на романската телевизија.

Украина планира да издаде поштенска марка за да ја одбележи победата на Евровизија

ВИДЕО | Сакам „Стефаниа“ да стане химна на нашата победа – Украинците го објавија спотот за победничката песна на Евровизија

Зеленски по победата на Украина на Евровизија: Нашата музика ја освојува Европа

ВИДЕО | Вака изгледаше Евровизија во 1956 година: Пронајдена одамна изгубена снимка

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Канатларовски го објави списокот на играчи за дуелите со Ерменија и Украина

Следно

ЈП „Градски паркинг“ со кампања за подобри услуги кон граѓаните под мотото „Не молчи, пријави! Заедно против неправилностите!“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian