Грција: Утре ќе се одлучува за мерката маска на затворено

1 min read

Маската во затворен простор во Грција и понатаму е задолжителна до крајот на месецов, а според министерот за здравство, надлежната комисија на епидемиолози, утре ќе донесе препорака за евентуалното укинување по 1 јуни, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис во интервјуто за грчката телевизија „Скај“ рече дека ги очекуваат одлуките на Комисијата и во однос на тоа во кои внатрешни простори, маската и понатаму би била задолжителна.

„Утре Комисијата ќе дискутира за употребата на маска од 1 јуни и очекуваме да ги слушнеме позициите на експертите. Маската сигурно ќе остане во некои внатрешни простори, како на пример болниците“, рече Плеврис.

Додаде дека Комисијата ќе ја разгледа и препораката од ЕУ, маската да не е задолжителна во авионите и на аеродромите.

Во однос на пандемијата истакна дека се уште не е завршена и „треба да сме подготвени, бидејќи можеби на есен ќе биде потребно повторно да се преземат мерки“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Се запали „мерцедес“ во скопско Кучково

Следно

Меси не се враќа во Барселона, се сели во МЛС лигата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian