ФОТО | Ламбе Алабакоски и Магдалена направија крштевка за помалото синче

1 min read

Пејачот Ламбе Алабакоски и сопругата Магдалена за време на викендот направија крштевка за синот Димитриј во манастирот Св. Јован Бигорски. Русокосото момче наскоро ќе наполни две години а сега стана член на Христовата црква.

Објави фотографии на социјалните мрежи од убавиот настан и во описот сподели мисла од Библијата поврзана со светиот чин на крштевање.

„Вие кои во Христа се крстивте во Христа се облековте”
(Гал. 3:27) Крштевка на помалиот син Димитриј.

Димитриј е помалото братче на Михаил, постариот син на семејството Алабакоски. Двете деца се родени во Детроит, Америка каде што пејачот живееше седум години. Се вратија во Битола минатото лето и се среќни што се дома. Ламбе по долгогодишна пауза се враќа на музичката кариера, настапува и спрема нова песна.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Артета: Ова не е ни блиску до нивото во Лигата на шампионите, разочаран сум

Следно

ВИДЕО | ЗНМ и ССНМ: Пријавата од раководителката против новинарката Делевска е лажна пријава и обид за замолчување и заплашување

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian