Финскиот претседател ќе се договара со Турција за влезот на Финска во НАТО

1 min read

Финска и Шведска ќе можат да постигнат договор со Турција за приговорите на Анкара за приклучувањето на двете нордиски земји во НАТО, изјави денеска финскиот претседател Саули Нинисто.

– Изјавите од Турција многу брзо се сменија и станаа посериозни изминатите денови. Но, сигурен сум дека со конструктивен дијалог ќе ја решиме ситуацијата, тврди Нинисто.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган претходно најави дека делегациите на тие две земји наскоро ќе ја посетат Турција со цел да ја убедат Анкара да го одобри нивниот прием во НАТО. (МИА)

kurir.mk

Претходно

Трошановски: Изборите не се решение, експертска или техничка влада е посоодветно решение

Следно

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Инџиково

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian