Чеферин: Немам проблеми со Реал, но немам никакви контакти со претседателот Перез

2 mins read

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин уште еднаш потврди дека неговите односи со челниците на Реал Мадрид се нарушени бидејќи првиот човек на „кралевите“ Флорентино Перез е еден од основачите на европската Суперлига која „живееше“ само 48 часа.

Од 12 клубови основачи, дури девет се повлекоа од Суперлигата, но Барселона, Јувентус и Реал Мадрид сè уште се залагаат за нејзино повторно формирање и поради тоа Чеферин нема добри односи со Перез.

– Лично немам проблеми со Реал Мадрид, но моментно немам никакви контакти со управата на клубот. Сепак, пласманот на Реал Мадрид во финалето во Лигата на шампионите е доказ дека натпрерувањата под капата на УЕФА се чисти и фер. Да не беше така, тогаш сигурно е дека машкиот тим на Реал и женскиот на Барселона немаше да бидат во финалето на ЛШ. Имам добри нерви и го чекам расплетот околу Суперлигата. На крајот тоа ќе се реши, но нема да биде на теренот – рече Чеферин.

Првиот човек на европската куќа на фудбалот не сакаше да го коментира исходот од финалето што ќе се игра на 28 мај во Париз и во кое ќе се сретнат Реал Мадрид и Ливерпул.

– Се сомневав дека Реал може да го елиминира Манчестер сити, посебно по поразот во првиот натпревар. Но, се чини дека Реал има девет животи. Тие се искусен тим, но според мене имаат многу слаба одбрана. Многу пати кажав дека Бензема е еден од најпотценетите фудбалери во историјата, а го имаат Лука Модриќ кој како што старее игра сè подобро. Ливерпул пак има помлади фудбалеро, но и големо искуство во финалињата. Не се осудувам да го прогнозирам исходот од финалето. Сепак, не очекува лудо финале – додава Чеферин.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Слободен печат“: ВМРО-ДПМНЕ повикува на фронт за уривање на владата

Следно

Британски новинар најавува шокантна книга за Меган Маркл: Дознав неверојатни работи за неа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian