Барди ќе потпише нов договор со Леванте иако испадна од „Ла Лига“!?

1 min read

Македонскиот репрезентативец Енис Барди (26) со Леванте не успеа сезонава да обезбеди опстанок во најсилното шпанско првенство.

За составот од Валенсија до крајот на сезоната останува уште еден меч во „Ла Лига“, на 20 мај му гостува на Рајо Ваљекајо на нашиот голман Столе Димитриевски.

Сезонава во шампионатот на Шпанија 26-годишниот играч за врска во нападот Барди досега запиша 29 настапи и три голови.

Има важечки договор со Леванте до 30 јуни 2022 година и веднаш по испаѓањето од „Ла Лига“ шпанските медиуми започнаа да шпекулираат негово заминување од клубот.

Барди имаше понуда од италијанскиот Торино, Леванте побара 15 милиони евра, но не се реализираше трансфер. Во изминатиот период интерес за нашиот репрезентативец покажа и Милан.

Еден од клубовите кој директно воспоставил контакт со Барди беше Фенербахче. Турскиот гигант може финансиски да го задоволи не само фудбалерот, туку и Леванте.

Денеска Шпанците како што најавуваа уште на 16 март во склоп со интервјуто со директорот на Леванте, Фелипе Минамбрес, Барди ќе продолжи договорот со Леванте, иако испадна од елитата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Инџиково

Следно

ВИДЕО | Ова е Стефанија: Најпознатата мајка во Украина по Евровизија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian