Арслановски меѓу најдобрите осум куглари на Светскиот куп во Естонија

3 mins read

Стефанија Алексовска и Архан Арслановски предводени од селекторот на македонската младинска кугларска репрезентација – Игор Михајловски учествуваа на Елва – Естонија на Светскиот Куп.

Без спонзорите и битолските кугларски клубови немаше можност овие двајца млади таленти да имаат прилика да ги измерат своите сили со најсилните колеги до 18 години од 14 земји во машка и во женска категорија, борејќи се за титула светски првак во најсилна конкуренција. Федерацијата верува во младите македонски капацитети.

Нашата земја успеа да има претставник во финалето, Арслановски со исклучителна игра успеа да се најде меѓу најдобрите осум играчи со резултат 578 (205) пласирајќи се на седмото место. Алексовска имаше резултат 553 кои не беа доволни за влез во финалето и се пласираше на 12 место.

Тандем микс се пласиравме на 12 место пред Италија и Естонија. Резултат 1109 (Архан 564, Стефи 545)
Машко финале: Архан се пласира на 8 место. Резултат 516 (148).
Комбинација мажи: Архан се пласира на 9 место на Светскиот Куп.
Комбинација жени: Стефи се пласира на 12 место на Светскиот Куп
Како нација сме со вкупни резултати на 12 место пред Италија и Естонија.

– Во конкуренција на најдобрите поединци од секоја од 14-те земји кои настапуваа на СК во Елва, Естонија, македонските репрезентативци пробаа да дадат свој максимум. Единствено Архан успеа да изигра чун подобро од својот рекорд, додека Стефанија беше под своите најдобри достигнувања. Можевме и подобро и повеќе, но тоа е анализа која ќе се прави дополнително. Лично сметам дека Архан даде свој максимум иако во клучни моменти не го послужи спортска среќа, а физичката (не)спремност беше клучна во финалето да не можи да ги издржи ударите при 3 натпревари во рок од 24 часа, стекнувајќи блага повреда која го дефокусираше за позначајна игра иако започна со одличен сет. Стефанија пак од друга страна иако технички супериорна не успеа да се носи со психолошкиот притисок на едно вакво големо првенство и за многу ситни нијанси најпрво не успеа да влезе во финале иако покажа зрела игра, за во тандемот да има 290+ од два сета и да изигра лоши 3 и 4 сет.

Факт е дека македонското куглање во наредните 3-5 години ќе се бори да фати чекор со кугларските нации, во сите возрасни категории. Напорите кои се правеа во овој период беа да им се овозможи шанса за настап на најмладите во ситуација кога кугларската федерација е во клиничка смрт цела деценија, бидејќи тоа беше невозможно претходно. Без многу силен ентузијазам овој исход ќе беше невозможен. Вложувањето во најмладите е неопходно за нивно кугларско зреење ако сакаме да имаме квалитетна сениорска репрезентација. Потребата од мерки и притисок кон клубовите да имаат младински школи е неопходност. Камповите за млади куглари се неопходност. Стручно усовршување на тренерките кадри во клубовите е неопходно. Колку порано делуваме, толку порано ќе можеме да бидеме конкурентни во вистински смисол, не чекаат големи предизвици како федерација – вели Михајловски, селектор на младинските категории.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Косовска пратеничка осудена на три години затвор поради незаконска одлука од 2019 година

Следно

Спој на Марс и Нептун во Риби: Под површината на свеста се кријат заблуди

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian