Анонимна дојава за бомба во Ректоратот на Приштинскиот универзитет

1 min read

Косовската полиција го опколи попладнево ректоратот на државниот универзитет „Хасан Приштина“ (УП) во центарот на косовската престолнина, откако беше добиена дојава за наводно подметната бомба во објектот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Ректорот на УП, Насер Саити изјави за медиумите дека станува збор за имејл кој стасал на адресата на УП со закана за експлозија на бомба.

Веднаш по добивањето на информацијата на местото на настанот пристигна анти-минерски тим од полицијата, кој го изолира објектот и дворот на Ректоратот со полициски ленти.

Преку соопштение за јавноста, полицијата и официјално го потврди случајот, додавајќи дека се преземени потребните оперативни дејствија за менаџирање на ситуацијата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шведска и Финска утре заеднички ќе поднесат барање за членство во НАТО

Следно

ФОТО | Испишува историја: Меј Маск на 74 години гордо позираше во костими за капење

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian