Сообраќајот кон граничниот премин Блаце се одвива со наизменично пропуштање на возила, поради одронот кој се случи во близина на местото Вражји Вир, соопшти вечерва Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ)
– Поради одрон на патот на „Јадранска магистрала” поточно на местото наречено Вражји Вир, сообраќајот не е во прекин и се одвива со наизменично пропуштање на возилата, велат од АМСМ.
Претходно, денеска сообраќајот на патот беше целосно прекинат поради големиот одрон.
ВИДЕО | Драматична снимка од одронот кој го блокира патот Скопје-Блаце