Амбер Херд лажела дека парите од разводот ги донирала во детска болница

4 mins read

Продолжува судењето кое се одвива пред очите на светската јавност. Амбер Херд конечно призна дека не ја платила ветената донација од 3,5 милиони долари, откако во неколку наврати тврдеше дека парите од разводот биле донирани во добротворни цели.

Сведочејќи пред судот во понеделникот, Херд рече дека не ja донирала планираната сума затоа што Џони Деп ја тужел. Сепак, таа во неколку наврати тврдеше – вклучително и под заклетва во случајот за клевета на Деп во 2020 година, дека донирала.

„Вкупно беа донирани 7 милиони долари – ги поделив помеѓу „American Civil Liberties Union“ и Детската болница во Лос Анџелес. Не сакав ништо“, изјави Херд за време на нејзиното гостување во холандското ток-шоу „RTL Late Night“ во 2018 година.

амбер херд
Фото: EPA-EFE/Steve Helber /

Но, сега Херд пред судот изјави дека сè уште не ја уплатила предвидената донација во целост бидејќи Џони ја тужел за 50 милиони долари во март 2019 година.

„Ќе ги исполнам сите мои ветувања. Би сакала да престане да ме тужи, за да можам“, додаде таа.

џони деп
Фото: EPA-EFE/Steve Helber /

Теренс Доерти, главниот оперативен директор и главен советник на „ACLU“, сведочеше претходно во случајот и рече дека досега се донирани вкупно 1,3 милиони долари од Херд или во нејзино име. Од тие пари, Херд донирала 350.000 долари во декември 2018 година и оттогаш не уплатила ништо. Деп платил 100.000 долари, а уште 350.000 долари дошле од фонд на инвестициската фирма „Фиделити“.

Уште една уплата од 500.000 долари пристигнала од сметка во инвестициската фирма „Венгард“, за која Догерти рече дека верува дека е фонд основан од Илон Маск. Адвокатката на Амбер, Елејн Бредехофт, праша зошто Херд прифатила спогодба од 7 милиони долари од Деп.

„Не ми беше грижа за парите. Ми рекоа дека ако не се согласам со сумата што може да се поништи, никогаш нема да се спогодиме. Зедов многу помалку од она што ми го понудија и од она што ми следуваше“, изјави таа.

амбер херд
Фото: EPA-EFE/Steve Helber /

Херд истакна дека ги донирала парите во добротворни цели бидејќи никогаш не била заинтересирана за парите на Џони.

„Само ја сакав мојата безбедност и мојата иднина, а тој го загрози тоа… Сакав да ме остави на мир. Тоа го кажувам од 2016 година“, заклучи таа.

Повеќе написи на темата:

 

Верувајте им на сите жени, освен на Амбер Херд! Познатиот актер згрозен од поранешната на Џони Деп

 

Џони Деп или Амбер Херд: На чија страна се познатите личности

 

ФОТО+ВИДЕО | Херд се „скрши“: Џони Деп ме силуваше со шише и ги извалка ѕидовите со крв

 

ВИДЕО | Твитерџиите ја „сотреа“: Амбер нема свои зборови, користи филмски реплики на сведочењето

 

ФОТО | Амбер Херд на суд покажа вознемирувачки фотографии од Џони Деп, пијан и дрогиран

 

ВИДЕО | Медицинска сестра тврди: Амбер Херд се дрогираше додека беше во брак со Џони Деп

 

Очајнички обид за спас! Амбер Херд го отпушти ПР-тимот, но бројот на потписи на петицијата против неа вртоглаво расте

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кјелини: Ова беше долго патешествие, Јувентус и репрезентацијата ги оставам во вистински раце

Следно

ВИДЕО | Д-р Мојаноски: СПЦ не може да одлучува за граѓаните и верниците на МПЦ-ОА

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian