Зеленски им се заблагодари на војниците кои ги протераа руските сили од Харков

1 min read

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска им се заблагодари на украинските војници кои ги протераа руските војници од Харков.

„227. баталјон на 127 бригада за територијална одбрана на Украина! Ви благодарам многу“, изјави Зеленски во видео пораката објавена на Инстаграм, пренесе Би-би-си.

Зеленски упати благодарност до војниците во име на сите Украинци, него и неговото семејство.

„Мојата благодарност нема граници. Ви посакувам на сите здравје и внимавајте“, рече Зеленски.

Украинските војници кои го бранат градот Харков стигнаа до државната граница со Русија, изјави претходно денеска регионалниот гувернер Олех Синегубов.

Британските медиуми наведуваат дека Украина го враќа владението врз територијата на североистокот од земјата, истуркувајќи ги руските сили подалеку од Харков, вториот по големина град во Украина.

kurir.mk

Претходно

Ангел Џамбаски упадна и прекина трибина со Љубчо Георгиевски во Софија

Следно

Меѓународен турнир „Влатко Марковиќ“: Македонија подобра од Црна Гора

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian