ВИДЕО: Војник во Мариупол среде експлозии ја пее песната на Калуш Оркестра

1 min read

Видеото од украинскиот војник кој ја пее победничката песна на Евросонг додека во позадина се слушаа експлозии ги заобиколи социјалните мрежи.

„Му честитаме на Калуш Оркестра за победата на Евросонг од самото срце на Мариупол. Ви благодарам на поддршката“, порача војникот од видеото.

Украинскиот бенд Калуш Оркестра во саботата триумфираше со песната „Стефаниа“ во Италија на Евросонг. Песната е спој на рапот и традиционалната народна музика, а посветена е на мајката на фронтменот Олех Псиук. Украинците именуваа и една железничка рута во „Стефаниа Експрес“, по називот на победничката песна.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скопјанец физички нападнат од неговата сопруга

Следно

Ангел Џамбаски упадна и прекина трибина со Љубчо Георгиевски во Софија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian